Сведочејќи за забрзаната урбанизација, архитектонската и културната деградација на елементите на градот, потребата за будење на архитектонската фела станува клучна точка на неговиот иден развој. Потрагата по прогрес во архитектонскиот домен поттикнува група архитекти во, јуни 2022 година во Охрид да го формираат стручниот колектив Архрид. Преку сублимирање на вредностите на современата архитектонска сцена, здружението се стреми да оформи база за ширење на едукација, воспоставување на заштита, спроведување на активности и креирање на форум чија тема на дискусија и дејствување се прашањата за градот.