Сведочејќи за забрзаната урбанизација, архитектонската и културната деградација на елементите на градот, потребата за будење на архитектонската фела станува клучна точка на неговиот иден развој. Потрагата по прогрес во архитектонскиот домен поттикнува група архитекти во, јуни 2022 година во Охрид да го формираат Архрид. Преку сублимирање на вредностите на современата архитектонска сцена, здружението се стреми да оформи база за ширење на едукација, воспоставување на заштита, спроведување на активности и креирање на форум чија тема на дискусија и дејствување се прашањата за градот.


Архрид Колектив е непрофитно, невладино, непартиско тело, кое функционира и се организира и крепи на волонтеризам. Се занимаваме со градот, јавното добро и јавниот простор


Управниот одбор со мандат 2026-2028 е следниот:
Стефан Назифовски(претседател), Стефан Жупан, Филип Спасески, Теа Дамјановска, Симона Чингоска, Климент Танески и Иво Лазароски

Tрансакциска сметка:  300010000197091 - здружение АРХРИД Охрид

support us online | донирај за архрид