ВО НАЈАВА - Лето 2026: Изложба за Антички Театар! Следете нѐ за повеќе информации
Архрид е замислен како отелотворување на секојдневните разговори за архитектурата и градот, за урбаната средина, правците на развој на градот и нивно артикулирање во форма на колективен стручен став. Идејата е со здружени сили постепено да се подигнувава свесноста на секој жител на градот за вредностите на архитектурата, особено акцентирајќи го она што е градено во пост-воениот период. Во 2022 година АРХРИД се регистрира како здружение и ја започнува со првиот реализиран настан „Разговори за Касарна“.
На 70 години од изградбата на објектот на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ под авторство на Борис Чипан,
АРХРИД организираше изложба и панел дискусија кои се однесуваа на делото на Чипан, а беа поделени во два дела:
1) „1955 г. - Архитектонското наследство како основа за современо проектирање“
2) „2025 г. – Што со модернистичкото наследство денес? Архитектонскиот конкурс како алатка“
Во просторот на поранешна касарна, покрај втората зграда „Пеперутка“, имавме можност да интервенираме со инсталирање елементи во дворот.
Интервенција има намера да послужи како активатор на просторот, меѓутоа и да даде лик и идентитет на местото. Истата се сости од урбана опрема од еуро палети и мурал долж фасадата на овој двор. Настанот се отвори со активности - пример за користење на новиот простор како музика, читање поезија, проекција на филм и др.
На 22.03.1924 е роден охридскиот визионер Вангел Наумовски. Неговиот творечки опус се простира во домените на сликарство, поезија, резбарство, архитектура, вајарство и претставува своевиден творечки бран во Македонската културна сцена.
На 23.03 и 24.03, како почит и благодарност кон негиовиот придонес ја одбележавме 100 годишнината од неговото раѓање во форма на графит од поголем размер. Се работи за мотив на една од неговите графики правени во Загреб во 1970 година, изведена на 80 метри квадратни површина заедно со неговиот портрет. Локацијата, неслучајно избрана е во близина на неговиот дом и атеље, со што с поттикна иницијатива јавениот простор - плоштадче „мини маркет“ да го носи неговото име.
Во 1953 година по наредба на ЈНА, во Охрид се воспоставува првата воена касарна. Со одредени прекини таа постои до 2011 кога се отвара за јавноста и истата година е донесен детален урбанистички план за овој простор. Во текот на последните години постојат различни дискусии а просторот останува во лимбо. Со овој настан сакавме да го покренеме прашањето за идниот развој и смерници на касарната.
Преку анализа на можностите за адаптација на еден опфат богат со густо зеленило постојат различни можности каде би било добро да се појави компромис меѓу потребата за урбанизација, комерцијализација, заштита на наследството и јавниот интерес.
Публикации во издаваштво на АРХРИД:
2025 Начинот на Чипан [ ISBN 978-608-67066-0-9 ]
1. Ивановска Дескова, Ана [автор] 2. Чингоска, Симона [автор] 3. Патчев, Горан [автор] 4. Дамјановска, Теа [автор] 5. Зовиќ, Ева [автор] 6. Димитриевска Цилакова, Марија [автор] 7. Ристеска, Анастасија [автор] 8. Ивановски, Јован [автор] 9. Bolla, Eugenia [автор] 10. Lopez, Pablo [автор] 11. Gary, Etienne [автор] 12. Pylila, Leanid [автор] 13. Borisov, Vitalii [автор] 14. Berezovskyi, Bohdan [автор] 15. Kovalyuk, Oleg [автор] 16. Phung, Hieu [автор] 17. Han, Zhaoxiong [автор] 18. Ji, Jiawei [автор] 19. Shen, Zhijin [автор] 20. Назифовски, Стефан [автор]
2023 Разговори за Касарна [ неофицијално ]
Стојаноска Емилија, Лазароски Иво, Жупан Стефан, Чингоска Симона, Спасески Филип, Назифовски Стефан, Поп-Стефанија Димитар
АРХРИД се јавува како соработник на меѓународните конкурси:
Nautical Club Ohrid [2024] - Terraviva SRL
Unesco Ancient Theatre [2026] - Terraviva SRL