AKT | Kasarna Ohrid

AKT - Активирај, креирај, трансформирајпристапува на прашањето за Касарна конкретно. Наместо академски, со изложба и излагања, овој пат решивме да примениме со по опиплив простап. Да дејствуваме просторно и специфично. Интервенцијата е поставена во дворот на еден од трите објекти т.н „Пеперутки“ кој до овој момент е најактивен објект во новоотворената касарна.

Интервенција има намера да послужи како активатор на просторот, меѓутоа и да даде лик и идентитет на местото. Истата се сости од урбана опрема од еуро палети и мурал долж фасадата на овој двор. Настанот се отвори со активности - пример за користење на новиот простор како музика, читање поезија, проекција на филм и др.