ПРОФ. Д-Р ЕЛИЗАБЕТА КАСАПОВА (Архитектонски факултет – Скопје):
„Античкиот театар во Лихнид / Охрид низ времето“
Проф. д-р Елизабета Касапова е редовен професор на Институтот за заштита на градителско наследство, историја на архитектура и уметност на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Преку својот долгогодишен професионален ангажман во наставната и научноистражувачката дејност, таа активно придонесува во полето на едукацијата, заштитата, конзервацијата и промоцијата на заштитеното културно наследство во Македонија.
PROF. D-R EMIL JURCAN (Praksa, Хрватска):
Iskustva rekonstrukcije rimskog teatra u Puli (2013-2022)
Емил Јурцан е архитект, истражувач и педагог чија работа е насочена кон реставрација, реконструкција и реинтерпретација на културното наследство. Дејствувајќи меѓу Пула, Риека и Трст, тој раководел со бројни наградувани проекти од областа на културното наследство, меѓу кои се реконструкција на Римскиот театар во Пула и реставрацијата на повеќе значајни историски локалитети низ Хрватска. Во своето предавање се осврна на искуствата стекнати при реконструкцијата на Римскиот театар во Пула – процес кој во многу аспекти е сроден со предизвиците поврзани со Античкиот театар во Охрид.
LARS WESTHOFF (MALM GbR, Германија):
Lychnidos ex Machina
Ларс Вестхоф, со седиште во Минстер, Германија, работи како самостоен дизајнер, визуелизатор и изработувач на макети во MALM GbR. Неговиот конкурсен труд „Lychnidos ex Machina“, ја освои втората награда на UAT конкурсот. Во овој проект тој го истражува потенцијалот на урбаното наследство и начинот на кој адаптивната пренамена може да го трансформира во жив споменик. Неговиот успех се темели на посетата на локалитетот, длабокото разбирање и чувствителноста кон спецификите на локацијата. Во своето предавање го презентираше неговото наградено конкурсно решение и процесот на работа што стои зад него.