Разговори за Касарна
Охридската касарна „Генерал Михајло Апостолски“ како значаен градски остаток од 20 век, е простор за за чијшто развој во текот на годините постојат различни дискусии, пред се предводени од индивидуални тенденции, наместо сеопфатно решение со јавниот интерес во преден план. Како една од најголемите зелени површини на градот, таа претставува актуелна и сензитивна тема која бара исцрпна архитектонска и урбанистичка анализа и ја поставува потребата од креирање на компаративни решенија за истата.
Објектите и структурите како остатоци од минатото и прашањата за нивниот третман еволуираат заедно со општеството и денес се есенцијален дел од обврските на современиот архитект.